Зошто камерата пред клубот Готик вечерта на исчезнувањето на Матеј била завртена кон ѕидот?

|

Како што пишуваат хрватските медиуми најголемиот проблем е тоа што таа вечер кога му се губи траг на младиот Матеј Перишиќ, не работеле надзорните камери во клубот, а според нив тоа не било случајно. Имено, овој клуб е синоним за собирање на членови на белградското подземје, пишува хрватски “24 Sata”.

По исчезнатиот Сплиќанец во Белград сеуште интензивно се трага. Полицијата ги прегледува и анализира снимките, ги испрашува неговите пријатели и пријателката Маја која ја контактирал вечерта на исчезнувањето и го спојува мистериозниот мозаик за да открие што се случило со Хрватот кој последен пат бил виден на 31-ви декември во клубот Готик.

Не е случајно што камерата е завртена кон ѕидот

Најголемиот проблем е тоа што таа вечер не работеле надзорните камери во клубот, а тоа не било случајно.

Како што велат извори од истрагата за “24 Sata”, клубот намерно ја завртил и изгасил надзорната камера поради тоа што во Србија на сила е закон кој вели дека сите кои се наоѓаат во угостителски објект по 20 часот мора да имаат потврда за примени дози.

А бидејќи таа ноќ таму имало стотици гости, клубот сакал да биде сигурен дека може да се заштити од таа страна, пишува “24 Sata”.

Посебно е индикативно дека камерата која го надгледува просторот пред ноќниот клуб е завртена кон ѕидот, наместо да го снима просторот до оградата со реката.