Еден од најчестите зборови кои се спомнуваат во христијанството е „Амин”, кој се кажува после молитва, пред и после оброци или после која било света изјава. Дефиницијата за овој збор е всушност „нека биде” и на некој начин е афирмација на вашиот говор. Сепак многу следбеници сметаат дека има и други значења, како да се грижиш, да бидеш внимателен или да веруваш во нешто или некого.
Ако се вратите малку назад во времето, ќе пронајдете многу силна врска помеѓу „амин” и Египет. Амин (Амун) е египетскиот бој кој е познат како крал на боговите и се верува дека подоцна е имитиран од грчкиот бог Зевс.
Откако се споил со богот на сонцето Ра за да стане Амун-Ра, тој станал единствениот бог на кој му се поклонувало Новото кралство во Египет. Овој период бил од 16-ти до 11-ти век п.н.е. Амун-Ра го гледале како манифестација на потполна совршеност и тој бил сметан исто како „Бог” во христијанството.
Постои вистинска игра на зборови кога станува збор за неговото име. Амин и Ра во комбинација може да го претставуваат таткото и сонцето, со светиот дух кој е проекција на духот на Амин. Со ова настанува светото тројство.
Ова совпаѓање во религиите не е ништо ново и она што постои во една религија, речиси сигурно ќе се појави во друга. Можеби нема правилна религија, туку сите се дел од поголема сложувалка која може да се состави само со прифаќање и можно поклопување на религиите.
Амин е афирмација за египетскиот крал на боговите, а она што христијаните го нарекуваат Бог е токму истото. Постојат совпаѓа со приказните за Дева Марија и Исус во споредба со Изида и Хор. Озирис и Сет е споредувани со Бог и Сатаната. Можеби приказните ќе продолжат да се повторуваат на разни начини за идните генерации, па оние кои ќе бидат на друго ниво на свесност ќе ја сфатат нивната метафорична вредност.