Кога е празна батеријата на мобилниот телефон сакаме само да го оживееме уредот и обично не размислуваме какви опасности демнат кога го полниме телефонот на јавно место.
Полначите поставени на јавни места, како аеродроми, библиотеки, кафулиња, ресторани и станици се таму со најдобра намера, но со себе носат ризици.
Хакерите имаат развиено софтвери кои инсталираат вируси преку USB портовите за полнење што потоа може да ви украдат податоци од уредот, па дури и пари. Методот се нарекува Juice hacking.
Хакерите се имаат „закачено“ на јавните портови за полнење и само чекаат „жртва“ – некој кој само сака да престане да светка сигналот за празна батерија на неговиот смартфон. Откако ќе се приклучите, хакерите добиваат пристап до сите податоци достапни на вашиот смартфон.Вирусот се инсталира преку полначот, па и откако ќе се исклучите од портот или кабелот за полнење, тој и натаму може да се инфилтира во системот на вашиот телефон.
Сите ваши податоци се под голем ризик, од контакти, белешки, фотографии, документи, музички датотеки и секако, лозинки.
Како да се заштитите од ваков сајбер напад?
Наједноставниот начин е да се поштедите од потребата да го полните телефонот каде било, односно да набавите надворешна/преносна батерија (power bank) што ќе ви го даде потребното напојување во итен случај. Исто така, оставете еден полнач на работа и ако возите автомобил, набавете USB приклучок за вакво полнење.
Ако веќе сте во ситуација да немате друг избор, има неколку начини како да се заштитите.
Исклучете го уредот. Кога вашиот смартфон е исклучен не може да пренесува податоци на компјутерски системи поврзани на јавните станици за полнење.
Користете кабел кој е само за полнење. На пазарот се достапни два вида на USB кабли, едни се само за полнење, а други се комбинирани и за пренос на податоци. Користете ги овие првите, за да спрелите хакирање на вашиот уред.