Осум часот наутро. Воздухот е сé уште свеж додека го набљудувам магливиот хоризонт на Охридското Езеро.
Охридското Езеро има најголема биоразновидност во светот. Сега риболовците помагаат за спас на „живите фосили“ каде што акцент се става на опстанокот на охридската пастрмка.
Популарноста на охридската пастрмка сега ја загрозува нејзиниот опстанок. Во 90-те години, годишниот улов достигнуваше над 120 тони, а во периодот од 2012 до 2018 година во просек изнесува 61 тон.
Охридското Езеро е од витално значење за локалното население при што секое семејство има свој брод и долга рибарска традиција. Роланд Бичја од селото Лин на албанската страна на езерото ја објасни специфичната ситуација во која се наоѓаат риболовците.
– На нив им е потребно да ја ловат охридската пастрмка за да остварат приходи, но ако претераат, можеби веќе нема да ја има пастрмката, со што ќе биде загрозена нивната егзистенција. Токму затоа, тој и неговите колеги сега се вклучени во проект чија цел е порибување на езерото со охридската пастрмка. Комерцијалниот риболов е забранет од декември до март, кога рибите се мрестат. Во тој период риболовците се платени да ја заловат пастрмката, да ја извлечат нејзината сперма и вештачки да ги оплодат јајцата, без да ја убијат рибата. Јајцата потоа се носат во локално мрестилиште каде што се растат и се излегуваат во период од 10 месеци. Рибарите потоа се плаќани да ги вратат во езерото. Ова претставува решение за проблемот со кој се соочуваат риболовците ширум светот.
Покрај прекумерниот риболов, како закани за регионот се посочуваат и градежништвото и загадувањето кои се зголемиле со подемот на туризмот во градот кој е под заштита на УНЕСКО од 1979 година.
Охридското Езеро е едно од најстарите на светот и се смета дека е формирано пред околу четири до 10 милиони години. Го нарекуваат уште и „европскиот Галапагос“ поради големиот број на животински и растителни видови специфични за ова езеро. Неговите хипнотизирачки зелено-сини води се опкружени со снежни планини, бројни градови и села на брегот на албанската и македонската страна.