Зошто овој вид на пиперки секогаш се убедливо најевтини?

ИЗВОРСкопје24
|

Зелените пиперки едноставно уште не се доволно зрели. Поточно тие се берат пред целосно да созреат, така што времето кога се одлгедуваат па додека да стигнат до полиците на супермаркетите и тезгите е значително пократко.

Жолтата, портокаловата и црвените пиперкa треба да се берат по созревање и поради тоа им е потребно повеќе внимание. Како резултат на тоа, oсвен поубав и посладок вкус, имаат и повисока цена.

Зелените пиперки се берат први и затоа се со оваа боја, но и малку се горки.

Тие немаат некои хранливи вредности кои ги имаат пиперките кои веќе се зрели, но поради својата зелена боја се богати со хлорофил, калиум и витамини А и Ц.

Со други зборови, зелената, жолтата, портокаловата и црвената пиперка доаѓаат од иста билка, но едноставно се на различно ниво на зрелост.

Извор: Слободен печат