По кратката пауза од „Project Orpheus“, и рефлексија на неговите претходни креативни проекти, Давид одлучи да се здружи со неколку нови изонредни соработници во патот кон следната еволуција.
Така се појавува овој возбудлив бенд.
Идејата е да се земе сето она што не може да се опише со зборови и да се илустрира преку новата музика.
На овој проект скришно се работи од 2017-та година, посветено, па дури и опсесивно, со цел совршено да се отслика замислениот звук и стил.
Музиката е спој на контрасти; моќ и слабост, возбуда и страв, визија и несигурност…
Сосема соодветно овој албум е насловен како “Monsters”. „Droupot“ е првиот сингл.
Режисер на видео записот е Andrey J., директнор на фотографија Billy D. во продукција со Maximillian Plotts.
Албумот наскоро ќе биде достапен на најголемите дигитални платформи Spotify, Apple Music и Deezer преку музичката куќа Phoenix Music.