Зошто токму јајцето е симбол на Велигден – ова треба да го знаат сите христијани

ИЗВОРСкопје24
|

Вапсувањето јајца за Велигден има своја симболика која не смее да ја заборавиме.

Целосната приказна се заснова и на самиот концепт на празникот – новиот живот. Исус Христос воскресна и се врати од мртвите и со тоа започна неговиот вечен живот.

Јајцата во многу култури и традиции се симбол на живот, раѓање и плодност. Оваа симболика целосно се вклопила во обичаите за овој празник. Според други, пак, јајцето е симбол на гробот во кој било закопано телото на Исус, а со неговото кршење точно на полноќ се симболизира отворањето на гробот и излегувањето на Исус од него.

Дури и боите имаат свои значења. Црвената која е најчеста, ја означува крвта на Исус, сината е боја на вистината, зелената на плодноста, жолтата на светлината која доаѓа со неговото воскресение…

Црвена – пожртвуваност, пасија, Исусова крв
Виолетова – симбол на страданието на Исус
Розова – љубовта кон Исус
Зелена – надеж и вечен живот
Жолта – ослободување и светлина

Традиционално декорациите се само од јајца од кокошка, а модернизираните верзии вклучуваат и украси од пластика, чоколадни јајца, пилиња и зајачиња, гнезда… Но, оние што држат до традицијата сметаат дека само вапсаните јајца се доволни за да се одбележи овој голем христијански празник. Многу домаќинства ги вапсуваат јајцата исклучиво во црвена боја.