Популарниот пејач Владо Јаневски минатата недела беше гостин во емисијата „Еден на Еден“ каде откри многу досега не раскажани приказни и приватни работи за себе. Како што кажа и самиот тој, Жаре има моќ да го наведува да каже работи кои никогаш не ги ни споменувал.
Во емисијата Јаневски откри анегдота, која ретко кој ја знаеше досега.
Владо дошол на свадбата со цел да им направи чест и на Каролина која го замолила да дојде на нејзината свадба како и на Калиопи која пак немала со кого да оди и не сакала да ја видат сама како доаѓа. Иако не сака свадби, тој одлучил да ѝ направи чест на својата колешка, која вели ја сака како сестра. Заедно со Калиопи дошол на свадбата на Каролина Гочева и Михаил Корубин, но не успеал ни да се поздрави со невестата откако видел колку луѓе има во салата.
Погледнете ја целата приказна:
Ова не е единствената анегдота од неговиот живот што тој ја споделува во неделната епизода на ток-шоуто. Јаневски зборува и за гласините дека бил болен, дека бил хомосексуалец, за Дунавка, за сите жени во неговиот живот, за самотијата и повлеченоста, за тоа дека може да не излезе од дома дури фрижидерот не му се испразни…