Автомобил удрил во човек на патот Кичево-Охрид, пешакот починал на лице место

|

На 14.10.2023 околу 19.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево-Охрид, во нас.Горица, патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.М.(36) од с.Другово,. кичевско, удрило во пешакот Р.Д.(61) од с.Могорче, дебарско.

Од здобиените повреди, Р.Д. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево.

Увид на местото извршиле екипа на Полициската станица Кичево и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.