Младата пејачка учествуваше во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички – алл старс“ каде што со својот глас остави убав впечаток, а од жирито често добиваше и комплименти за нејзиниот изглед.
Познато е дека Гиговска секогаш е средена за пред камерите и изгледа средно од глава до петици. Со своите модни комбинации, Антониа знае најчесто да ги изненади фановите и нејзините следбеници.
Овојпат, Антониа направи промена кога станува збор нејзиниот изглед односно коса, па младото девојче премина во русокоси.
Гиговска на социјалните мрежи сподели фотографија од нејзиниот нов изглед, а веднаш под објавата ја опсипаа со коментари, а прв беше оној на нејзиното момче Иван Јованов кој напиша: „ОMG“.
Пофалби доби и од фризерот Даниел Николовски, како и од водителката Елена Стојановска. За кратко време Гиговска доби повеќе од 13 000 лајкови.
За потсетување, Антониа неодамна најави дека подготвува нешто ново и наскоро фановите ќе ги израдува со нови песни.