Апел: Исчезна 15-годишно девојче од прилепско, роднините бараат помош да се пронајде

|

Петнаесет годишно девојче од прилепското село Пешталево е пријавено дека е исчезнато. Како што објавија нејзините роднини на социјалните мрежи, последен пат била забележана околу 19 часот на автобуска постојка во соседното село Ропотово.

„Нема ни траг ни глас од неа од вчера вечерта околу 19 часот. Полициска екипа е во потрага по неа. Последен пат била видена на постојка Ропотово, чекала превоз, не е видена со што возило е тргната и каде. Доколку некој ја препознае и види, ве молиме известене нѐ. Девојчето е од село Пешталево-Ропотово. Однапред ќе ви се заблагодарам доколку примиме убави вести. На 15 годишна возраст е, малолетничка, не комуницира со луѓе, последно време е многу затворена“, стои во апелот на Светлана Јованоска на Фејсбук групата „Прилепска чаршија“.

Стои и дека полицијата е известена за случајот и работи во насока на пронаоѓање на девојчето.