Без гламур и непотребни детали – едноставната и удобна вила на Џејсон Стејтам и Роузи Хантингтон ќе ве остави без зборови

|

Славниот актер на акционите филмови, Џејсон Стејтам и манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли кои се во врска веќе една деценија, одлучиле да ја продадат својата куќа во Калифорнија.

Стејтам се прославил со улогата во филмот “Transporter“ додека пак Роузи е обожувана како ангел на “Викторија Сикрет“ и славата ја следи и сега додека е во пензија.

Оваа нивна фантастично уредена куќа купена е пред 10 години за половина од вредноста со која се проценува денес, кога актерот и манекенката сè уште ја криеја својата љубовна врска од јавноста.

Нивниот дом е познат под името “Црна куќа“, благодарение на фасадата од дрво која е премачкана со црна боја, но внатрешноста на домот е максимално светла.

Главниот дел на куќата се состои од три спални соби и три тоалети, со пространа дневна соба во два дела, модерна кујна и трпезарија. Спектакуларен детаљ е каминот околу кој има ѕид кој е декориран со дрво, а погледот од сите простории е фантастичен.

Меѓутоа, особено драгоцен додаток е посебниот апартман за гости кој вклучува спална соба, тоалет и сместен е на горниот кат.

Покрај фантастичната тераса, домашните и гостите можат да уживаат и на приватна плажа до која води задниот влез. Дуплата гаража, специјален систем на осветлување и аудиовизуелен систем го прават овој дом во Малибу да биде посебно атрактивен на пазарот.

Вкупната површина е 370 метри квадратни.