Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера беше гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Битиќи истакна дека не се согласува со премиерот Димитар Ковачевски околу тоа дека доволни се две минимални плати за да се покрие целата потрошувачка кошничка.
На прашање дали се согласува со изјавата на премиерот Ковачевски дека две минимални плати се доволни за да се покрие целата потрошувачка кошничка, Битиќи одговори:
„Не, не е доволно, но сепак треба да знаете дека пред пет години беа потребни 4 минимални плати за да се покрие една потрошувачка кошничка, а денес со две минимални плати можете да купувате повеќе продукти од пред 5 години“.
Тој исто така ги смирува граѓаните во однос со нафтата, и вели дека не увезуваме од Рус ија.
„Нема простор за паника за недостиг нафта, изворот не ни е од Рус ија“, рече Битиќи, додавајќи дека во текот на последните два дена пред покачувањето, се продадени 200 тони нафта, а вообичаено се продаваат 40 тони.