Во петок и во сабота привремен сообраќаен режим на една улица во Скопје

|

На улица „Беласица“ поради изградба на атмосферска канализација утре и во сабота ќе има изменет режим на сообраќај, информираат од Град Скопје.

– Привремениот сообраќаен режим се воведува поради изградбата на атмосферска канализација чие приклучување е предвидено со попречен прекоп на улицата „Беласица“ на нејзината западна страна, на аголот меѓу улицата „Беласица“ и булеварот „Гоце Делчев“, како дел од проектот за изградба и реконструкција на булеварот АСНОМ – фазна реализација, стои во соопштението од Град Скопје.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.