|
Вчера, околу 7.45 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, на подрачјето на Куманово, патничко моторно возило „фиат“ удрило во велосипед, управуван од М. Ј. (71) од Куманово, и го напуштило местото.
По несреќата, М. Ј. бил пренесен во Медицинскиот центар Куманово, каде што му била констатирана тешка телесна повреда.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.