|
Бројот на срцеви удари е зголемен за трипати по Ковид-пандемијата, вели началникот на одделението за кардиологија во клиничка болница-штип, доктор Сашко Николов, според кој значително е зголемена бројката на интервенции. Ако претходно имале по 20 пациенти со инфаркти месечно, сега има над 35 интервенции.
Загрижува фактот дека бројот на инфаркти е значително зголемен кај средната и младата популација. Тој апелира на превенција, редовно да се оди на контроли, а по 45-тата година задолжително да се прават тестирањата, кои ги препорачуваат кардиолозите.