Денеска треба да почне судењето за пожарот во модуларната болница, што се случи на 8 септември 2021 година.
Судското рочиште е закажано во 10 часот, а ќе го води судијата Јордан Велковски.
По повеќемесечна истрага Основното јавно обвинителство Тетово на 27 јули 2022 до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице. Двајца се теретат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, еден за „непостапување според здравствени прописи“, а правното лице за „предизвикување на општа опас ност“
Досега се направени четири вештачења за да се утврдат причините поради кои настана пожарот и да се лоцира одговорноста.
Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.
Стручни анализи беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, од стручно лице – електроинжинер, како и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија.