Добра вест: Поевтинуваат горивата од полноќ

|

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,92% во однос на одлуката од 5.5.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,392%, кај дизелот за 0,874%, кај екстра лесното масло за 0,827% и кај мазутот намалувањето е за 1,482%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,05%

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,465 ден/кг и сега ќе изнесува 39,155 ден/кг.

Од 9.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 39,155 (денари/килограм).

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 9.5.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.