Екипите на ЕВН на терен во Слупчане – жителите конечно им дозволија да влезат во селото и да пуштат струја

|

По разговорот на министерот за економија Бектеши со градоначалникот на општина Липково, на екипите на ЕВН им беше дозволен влез во село Слупчане. Непречено се работи да ги отсранат дефектите и да направат надградба на дистрибутивната мрежа. Граѓаните мирно набљудуваат додека ЕВН ја пушта струјата.

Во обид сами да го средат дефектот жители на Слупчане предизвикаа поголем и без струја останаа Оризаре, Ваксинце и Лојане.

Синоќа пак со блокирање на главниот пат кој води до селото ги спречија екипите на ЕВН да интервенираат.

Кражбите на електрична енергија во ова село се огромни и на годишно ниво се пресметуваат во милионски суми, а наплатата е само 20%.

Министерот Бектеши изјави дека сите граѓани мора да плаќаат за потрошената електрична енергија.