|
Куќа во скопската населба Бутел синоќа изгоре во пожар, пришто причинета е голема материјална штета.
Според изјави на очевидци за „Макфакс“, куќата била напуштена и во пожарот нема повредени лица.
Синоќа ЕВН на неколку минути ја исклучи струјата во населбата поради пожарот.
Противпожарната бригада интервенираше со четири возила и 11 пожарникари, а пожарот беше изгаснат во утринските часови.