Битола е економски центар на Пелагонија. Официјалните бројки за 2022 година покажуваат дека големата гринфилд инвестиција од автомобилската индустрија „Кромберг & Шуберт“ е економската локомотива на градот под Пелистер во кој најпрофитабилни се покрај неа и градежна компанија, најголем производител на млеко, единствениот македонски производител на сладолед, голема извозно ориентирана софтверска компанија и уникатен производител на компонентни за мега-вентилациски системи
Кои бизниси ги вртат најголемите пари во Битола и кои се најпрофитабилните дејности во најголемиот град во југозападна Македонија. Битола, градот на конузлите, најголемата македонска житница, најголемиот производител на струја, а порано единствен и најголем конкурент на Скопје (по осамостојувањето на Македонија). Низ годините работите и економските прилики се менуваат. За некого на подобро за друг не баш на добро. Како и да е Битола повеќе не е индустриски центар како што бил, а веќе ниту од далеку не е ниту економски ниту политички ривал на Скопје. Воедно Битола повеќе не е ниту неприкосновен и најголем производител на струја од блоковите на РЕК Битола што всушност е и основата на битолската макро економија. Но бројките покажуваат дека лани меѓу најголемите и најуспешните не се толку бројни како порано рударско-градежни компании чиј главен форнт за работа беше РЕК Битола. А тука очигледно голема улога има токму зголемениот увоз на јаглен.
Кои се најуспешните во градот под Пелистер?
*Ранг листата е направена со комбинирање на параметрите промет од најмалку 300 милиони денари и профит од 20 милиони денари Податоците се од базата на Централен регистар