Пејачот Ламбе Алабаковски ќе биде преместен во домашен притвор, откако Основниот суд во Битола одлучил да ја промени одлуката по жалбата на неговиот адвокат. Со ова судот ја преиначил мерката притвор од осум дена, која му беше изречена пред два дена.
Алабаковски е осомничен за кривично дело – предизвикување општа опа сност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, за подметнување пожар во кој се запали вратата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Алабакоски во изминатите неколку години живееше во Соединетите Американски Држави, но пред неколку месеци се врати во Македонија со своето семејство. Во многу наврати изјави дека му недостасувала Македонија и ужива во се што е овде.
Вчера во Битола се одржа и протест под мотото „Слобода за Ламбе“.