Литар млечен чоколаден сладолед 87 денари – Литар свежо млеко 84 денари?

|

Д-р Нико Беќаровски направи интересна споредба на цените на два производа, откако млекото и сите млечни производи поскапеа на македонскито пазар.

-Литар млечен чоколаден сладолед 87 денари. Литар свежо млеко 84 денари. Првиот патува, патува, патува од Полска, млекото “дури” од Битола. Не ќе да е се до скапиот превоз, констатира тој во објава на својот фејсбук профил.

-Не е дека нема млеко туку трговциве зајдоа со тоа маржата, па уд ри цени до небо. Како може од млекопроизводителите да откупуваат по 20 денари литар, а во малопроджба 84 кога ддв-то е 5%?, прашува една граѓанка.