Македонија вчера загуби од Бугарија со 0-1 во Скопје, натпревар од последното коло во групата 4 во Лигата на нации, од трибините навивачите ја бодреа македонската репрезентација, но и ја исвиркаа химната на нашиот сосед пред почетокот на мечот, а исто така имаше и неспортско навивање.
Ова значи дека ќе има реакција од УЕФА, а повод настаните на арената „Тодор Проески“ се огласи и Министерството за надворешни работи со своја реакција.
„Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла.
Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сè добри соседи“, се вели во реакцијата на МНР.
ФФМ имаше своја кампања со повик да нема говор на омраза, за фер и коректно навивање, но навивачите реагираа спротивно, сега фудбалската федерација се соочува со казна од УЕФА, иако направи се да не дојде до инц идент.