МРТВ го направи својот избор: Тамара Тодевска оди на овогодинешниот избор за песна на Евровизија

ИЗВОРСкопје24
|

На овогодинешниот избор за песна на Евровизија МРТВ го направи својот избор. На пејачката Тамара Тодевска и припадна улогата и честа да ја преставува државата на едно големо музичко натпреварување, како што е Евросонгот.

Ова е уште една во низата радости кои периодов ги доживеа пејачката. Откако на свет го донесе своето второ дете, синчето Дарен, Тодевска истакна дека за да успееме е најважно да имаме среќа, добар настап, но најважна е позитивната енергија од македонската јавност, од МРТВ и од нејзиниот тим.

Во нејзин фазон како и секогаш, Тодевска дополни дека не мечтае да биде прва, но себе си се гледа на второто место, публиката нормално дека ќе го очекува највисокото место за Македонија, но самата таа очекува да го освои токму второто место.