На патниците во воз во Австрија им пуштале говори на Хитлер преку разглас

|

На патниците во воз во Австрија наместо вообичаените железнички најави, по упадот на двајца осомничени, им биле пуштани делови од говорот на Адолф Хитлер, пренесува Der Standard.

Национал-социјалистичките фрази како „Хајл Хитлер“ и „Зиг Хеил“ ги шокираle патниците, потврди денеска портпаролот на железничкиот оператор ОеББ, по написот во весникот Дер Стандард.

Тој рече дека истрагата утврдила дека двајцата осомничени успеале да отклучат дел од разгласот, каде потоа од мобилен телефон ги пуштале говорите на Хитлер. „Сè се слушаше многу гласно. Беше многу вознемирувачко“, рече портпаролот.

Против двајцата осомничени, кои биле јасно идентификувани на камерите кога излегле од возот во Виена, започнала истрага. Не се знае како го добиле клучот, но исклучено е да се работи за вработени во ОеББ.

„Тоа е стандарден клуч што се користи низ цела Европа, а веројатно ги има десетици илјади“, рече портпаролот. Ова е трет инцидент со систем за јавно обраќање на линијата Сент Полтен- Виена за само неколку дена, но во претходните инциденти се пуштале детски песни.