Пијан фан на Вест Хем лудо го прослави финалето, па беше нокаутиран од клупата

|

Англискиот Вест Хем во четвртокот го совлада холандскиот АЗ Алкмар на гости со 0-1 и со вкупни 3-1 се пласираше во финалето на Конференциската лига каде за противник ќе ја има Фиорентина. 

Прославувањето на успехот на „чеканите“ скапо го чинеше еден навивач кој беше „нокаутиран“ од клупа во локален бар. Тој долго ќе ја памети ноќта кога неговиот сакан тим обезбеди пласман во финалето. Фанот на „чеканите“ уживаше на сцената, видно пијан, ја соблече кошулата, а потоа се случило нешто што ќе го памети цел живот. Се обиде да застане на клупата, но доживеа нокаут.

Фановите на Вест Хем, како и сите оние кои го видоа ова видео, на социјалните мрежи го прогласија за едно од најдобрите досега.

„Ова е најдоброто видео што сум го видел“, коментира еден корисник на Твитер, додека друг додаде дека „не може да престане да го гледа“.

На крај на сите им е најважно деја Вест Хем ќе игра финале. Истото е закажано за седми јуни во Прага, а „чеканите“ за трофејот ќе се борат против италијанска Фиорентина.