|
За само 24 часа откако билетите беа пуштени во продажба, целиот концерт на Црвена јабука во Филхармонија се продаде, па поради тоа од Авалон продукција закажаа уште еден, најверојатно финален концерт, ден подоцна на 26 март исто така во Филхармонија, а влезниците се пуштени во продажба од утринава.
Поради зафатениот распоред на бендот, овој концерт веројатно ќе биде и последен, па ве молиме да бидете брзи со набавувањето на влезници утре наутро, велат од продукцијата.
Влезниците се во продажба онлајн на avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон низ Македонија.