Попов: 61% од младите сметаат дека владата не инвестира за подобрување на финансиската состојба на младите кои живеат во сиромаштија

|

Во рамките на акцијата за посета на населени места и средби со граѓани ширум државата, претседателот на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов денеска беше во кавадаречко во населените места Глишиќ, Сопот, Марена и Возарци.

Попов истакна дека од она што можат да го заклучат по денешната средба, освен она што локалната власт го работи во Кавадарци, ништо друго не се работи, нема никакви инвестиции од центраалната власт, нема слух за проблемите и граѓаните од овој регион немаат никаква поддршка од власта.

Истакна дека како млад човек може да констатирам дека македонските села се празнат, и тоа најмногу се прави бидејќи нема никакви инвестиции од централната власт.

„Дури 58% од младите луѓе сметаат дека државата не инвестира во развојот на руралните среди и дури 61% од младите сметаат дека државата не инвестира за подобрување на финансиската состојба на оние млади кои живеат во сиромаштија“, рече Попов.

Затоа, додаде Попов, ВМРО-ДПМНЕ ги организираме овие средби, разговараме со граѓаните, ги слушаме проблемите и се обврзуваме дека истите, по доаѓањето на власт ќе ги решаваме, промените мора да се случат и заедно со граѓаните ќе ги донесеме промените.