Рецепт на денот: Подгответе превкусни и здрави плескавици од зеленчук

|

Плескавиците од зеленчук се лесни за подготовка и се многу вкусни. Совршен избор за лесно и здраво јадење.

Состојки: 450 гр замрзнат зеленчук (моркови, грашок, пченка), 250 гр црвен грав (мала конзерва), 1 зелена тиквичка, 3 компири, 1 јајце, 10 лажици брашно и презла.

Подготовка: Сварете го замрзнатиот зеленчук во солена вода, а потоа исцедете го. Излупете ја тиквичката, изрендајте ја и сварете ја во солена вода. Исцедете го гравот од конзервата.

Исцедете го варениот компир, а потоа додадете едно јајце, зеленчукот, гравот и додадете брашно, постојано мешајќи.

Смесата треба да биде густа за да може да се обликува рачно.

Потоа обликувајте плескавици со влажни раце, извалкајте ги во презла и пржете ги во врело масло од двете страни додека не поруменат.

Може да ги печете и во рерна, без да ги извалкате во презла. Обликувајте ги со малку масло на дланките, ставете ги на хартија за печење во плех и печете ги во загреана рерна на 180 степени Целзиусови по 10-тина минути од секоја страна или додека не се потпечат по ваша желба.

Послужете ги со риба или во сендвичи со свежа зелена салата.

Добар апетит!