Сакате да работите во Црна Гора летово: Платата е 800 евра плус бакшиш

|

Многумина Македонци одвај го чекаат почетокот на летната сезона за да заминат на сезонска работа во некоја од соседните туристички дестинации или на оние малку подалеку низ Европа. Доколку и вие сте еден од нив, можете да размислите за работа во Црна Гора, со солидна плата.

“Доколку имате 23, 24 години и сакате, на пример, да работите како обезбедување покрај базен или на одржување на истиот, односно придружен имот, со обезбедено сместување и храна, можете да заработите 800 евра. месечно. Сметаме дека тоа е добра почетна плата за младите“, велат од туристичката комора на Црна Гора.

Хотелските комплекси нудат работа и за работниците од Македонија, откако околу 10.000 Македонци заминаа или веќе се заминати на работа во хрватското приморје.