Се повлекуваат овие вршли од македонскиот пазар – ако имате дома вратете ги ВЕДНАШ (ФОТО)

|

Врз основа на добиена нотификација за пласиран небезбеден производ на пазарот во Република Северна Македонија – виршли од брендот „Вуди“ (Wudy), кај кои вo земја членка на ЕУ, било утврдено присуство на бактерија Листерија моноцитогенес (Listeria мonocytogenes ST 155), како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (RASSF) на Европската Унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), нареди итно повлекување на неколку небезбедни серии од тој производ.

– Кај компанијата увозник извршен е вонреден инспекциски надзор и утврдено е дека од спорните серии, кои во земјава биле увезени во неколку наврати, во магацините се наоѓаат 3.030 килограми, кои се ставени под службен надзор. Овие количини, нештетно ќе бидат уништени заедно со количините кои ќе бидат повлечени од пазарот, истакнаа од АХВ.

Оттаму додадоа дека за небезбедниот производ преку RASSF системот на ЕУ известила Италија, која врз основа појавата на труење предизвикано со патогената бактерија Lysteria monocitogenes ST 155 ја креирала наведената нотификација која била поткрепена и со лабораториска анализа. Спорните серии од производителот Agricola Trevalli Soc Coap ARL од Италија во земјава биле увезени преку компанијата Колид С Тим од Колешино Струмица.

– Се повикуваат потрошувачите кои ги имаат купено посочените серии од производот истите да не ги употребуваат, односно, да ги вратат на местото каде се купени. Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk, потенцираа од АХВ.