Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој од пладневните часови ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степен.
Времето во наредните денови ќе биде стабилно и суво. Во деновите од викендот ќе дува засилен, а вдолж поширокото Повардарие и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од понеделник дневните температури ќе бидат во значителен пораст