Ски центрите во Македонија утрово како од бајка – снегот непрекинато вее – ФОТО

|

Утрово снег вее речиси на сите повисоки планини во земјава, а според видео камерите на „skimacedonia.mk“, јасно се гледа формирана снежна покривка и на најпознатите ски центри во нашата земја.

Утрово снег има во Маврово, Попова Шапка, како и во Пониква.

Според фотографиите и видео камерите најмногу снег паѓа на Попова Шапка.