Утре времето на повеќе места ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло.
Како што најавуваат од УХМР, во недела ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и ќе има намалување на температурите.
И метеорологот Славчо Попоски излезе со слични информации!
Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец и истиот особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени – вели Славчо Попоски.
Потоа, според Попоски, под влијание на влажен воздушен бран, утре на повеќе места ќе има врнежи од дожд а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нова стабилизација на времето ќе има во петок и во сабота кога ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.
Нов влажен и постуден бран од северозапад се очекува во недела, кога ќе дува и умерен до засилен ветер од западен и од северозападен правец.