Тешка сообраќајна несреќа во близина на Меџитлија, загина 42-годишен битолчанец

|

Тешка сообраќајна несреќна со смертни последици се случила вчеравечер на патниот правец А3 Битола – граничен премин „Меџитлија“. Возило од марката „Рено клио“ излетало од коловозот во близина на крстосницата за село село Породин кон Меџитлија, пришто животот го загубил И.С. (42) од село Кравари.

„Од здобиените повреди на лице место починал возачот И.С. Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција“, се вели во соопштението на МВР.