По вчерашната трагедија, српската јавност а и училиштата се многу претпазливи, па секој детал го пријавуваат во полиција.
Како што тврдат претпоставените, деветгодишниот А.Ј. од основното училиште „Десанка Максимовиќ“ во Белград направил список со ученици кои наводно сака да ги убие. Дополнително, секогаш кога влегувал во училиштето, се правел дека пука во обезбедување.
Како што се дознава од извори од истрагата, денеска околу 10 часот во белградската полиција се јавила помошничката директорка на основното училиште Десанка Максимовиќ и пријавила дека подолг период имал проблем со ученик од трето одделение.
-Тој кажа дека кога момчето пристигнало во училиштето се преправало дека пука во обезбедувањето и дека после тоа ги бркал помалите деца во дворот. После тоа влегол во одделението и направил список со сите ученици што сака да ги убие – вели соговорникот на Информер.
-За се е известена и мајката на малолетникот, која изјавила дека тоа е дел од неговата игра и дека е добро дете – дознава Информер.