Хороскопски детектори за лаги: 5 знаци на Зодијакот кои веднаш ќе ве фатат ако се обидувате да ги измамите

|

Шкорпиите можат да „намирисаат“ лага, Ракот е вистински детектори за лаги, Рибите добиваат натприродна интуиција кога се обидувате нешто да скриете од нив, а Јарецот се држи до пријателите од доверба…

Овие 5 знаци на Зодијакот се вистински детектори за лаги и нив е едноставно невозможно да ги излажете. Бидете внимателни со нив и не се обидувајте да ги измамите бидејќи веднаш ќе бидете разоткриени.

Риби


Рибите се натприродно интуитивни, но истовремено и многу ранливи и чувствителни. Тие поседуваат „рендгенски“ способности за читање на секоја лага. Рибите многу добро сфаќаат кога се обидувате да скриете нешто од нив. Не мора дури ни да разговараат со некој за да сфатат што се случува бидејќи совршено ги читаат гестикулациите и изразите на лицето.

Рак


Раковите се многу чувствителни и емотивни. Нив можете многу лесно да ги повредите поради што, доколку доживеат некаква болка, брзо учат да ги читаат лицата на другите. Нивните способности најмногу се истакнуваат во љубовните врски.

Шкорпија


Шкорпиите се лидери помеѓу оние кои можат да „намирисаат“ лага, но тоа е затоа што и самите се одлични лажговци и манипулатори. Мајсторски ги имаат совладано техниките на манипулација со луѓе и често и самите ги користат. Шкорпиите знаат како да влијаат на некого и да го добијат она што го сакаат, па затоа и самите ги воочуваат лагите уште во првата секунда.

Јарец


Припадниците на овој хороскопски знак сакаат многу да размислуваат и анализираат, а ваквите способности им помагаат подобро да гледаат и читаат сè околу себе. За да се заштитат себеси од тајни и измами, Јарците се опкружуваат само со оние луѓе во кои имаат доверба.

Близнаци


Близнаците едноставно не можат да бидат сами. Нив им е потребна комуникација и не им е секогаш важно со кој ќе ја остварат истата, но тоа не ги спречува веднаш да увидат кому можат да му веруваат и од кого треба да се држат подалеку. Близнаците можат да изградат добри односи со речиси сите, но само мал број луѓе можат да бидат нивни пријатели.