|
Турската актерка која македонската јавност ја запозна со улогата на Хурем султан во серијата „Сулејман Величествениот“ имаше голема причина за славење.
Имено, нејзиниот татко славеше роденден, па таа одлучи јавно да му го честита објавувајќи нивни заедни фотографии.
„Среќен роденден тато“, стои во опис на фотографиите на кои целото нејзино семејство е собрано заедно со нејзините две деца.