На социјалните мрежи се појави шокантно видео од Романија на кое се гледа како медицински работник со салама удира по глава човек кој е во несвест, додека се слуша и сирена при возењето на пациентот во болница.
Човекот со маска за кислород неколку пати го удира пациентот и му вели: „Сакаш салама, еве ти по глава! Пијаницо“.
Откако се прошири видеото, започната е истрага против медицинскиот работник во романската брза помош.
Додека многумина собираат пари за лечење, таа бара 100.000 за да ужива: Маргарита Томовска не може да најде работа, па со својот потег ги згрозила сите
“GoFundMe” е платформа на која луѓето во главно се обидуваат да соберат пари за своите деловни проекти или да се лечат во случај на тешка бол*ст.
Меѓутоа, меѓу нив се нашла и Маргарита Томовска, која започнала кампања во која бара 100.000 долари за себе, бидејќи никој не сака да ја вработи.
За тоа ја обвинува полицијата која, како што вели, ја вознемирува откако минатата година ја бркала 10 километри бидејќи возела со 200 km/h низ Нов Јужен Велс, додека нејзината ќерка седела на задното седиште без безбедносен појас.
Инаку, Маргарита е многу активна на социјалните мрежи, каде често се фали со дизајнерска облека, луксузни автомобили, а објавува дури и фотографии од казина со жетони во вредност од неколку илјади долари.
“Знам дека вие мене не ме познавате, но јас не сум лоша личност. Тие се лажговци и имаат нешто против мене без никаква причина, и сигурна сум дека не сум единствена во таква ситуација. Поради тоа што го измислија за мене, ограничени ми се правата да ја гледам својата ќерка. Многу ми отежнаа кога станува збор за работа, бидејќи никој не сака да ме вработи. Затоа ја започнав оваа кампања, да соберам поддршка. Време е да возвратиме. Што е премногу, премногу е”.
Томовска засега собрала само 175 долари.