Обвинителството ќе дозволи тројца пациенти да вршат увид во предметот за онкологија

|

Десетина граѓани, само во текто на денешниот ден, го контактираа надлежниот јавен обвинител за да споделат свои сознанија и да помогнат во истрагата за скандалот со цитостатици на Клиниката за Онкологија. Пред новиот протест на неформалната група „Протест за убиството на Онкологија“ закажан за попладнево, обвинителството објави дека го подигнува степенот на транспарентности отчетност за предметот на Онкологија и ќе побара од неформалната организација да одбере тројца онколошки пациенти кои ќе имаат увид во истрагата. Образложија дека овие дополнитени чекори ги преземаат затоа што станува збор за случај во кој се испитува евентуална повреда на највисокото уставно загарантирано право на здраваствена заштита.

„Обвинителството денеска ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејствија. Пациентите ќе треба претходно да потпишат изјави со кои ќе се гарантира тајноста на постапката и на личните податоци во кои ќе имаат увид. Начинот на избор на пациентите е оставен на нивните претставници кои го изнесоа ваквото барање, се наведува во соопштението од ЈОРМ.

Неформалната група Протест за убиството на онкологија протестот го организира со барање за брза разрешница на криминалот со лекови на Онкологија, го повторија ултиматумот Обвинителството за една недела да излезе со детали за истрагата, а бараат и одговорност од високите функционери кои биле дел од скандалот со Клиниката за Онкологија. Покрај претходниот директор, тврдат дека дел од скандалозната шема на крадење лекови била и уште една поранешна директорка, против која веќе има кривична пријава за злоупотреба и предизвикана штета од 350 илјади евра, а таа се уште работи на Клиниката. Од Јавното обвинителство, пак велат дека ги презема сите дејствија за обезбедување докази со цел проверка на наводите во овој предмет, поради што од самиот почеток е вклучен и лекарски и друг медицински персонал.

Емилија Мисирлијевски