Сведоштво за страотната несреќа во Грција: Тато ја гушна мама, го скрши стаклото и почна да извлекува патници…

|

Четири лица загинаа вчераутро во страшна сообраќајна несреќа што се случи на 521-от километар од магистралниот пат Атина-Солун, во близина на областа Поликастро на излезот Евзони, а во која учествуваа автобус од Ниш и автомобил. Како што објаснува за Телеграф.рс ќерка на брачна двојка која била во автобусот со српски туристи, несреќата била страшна.

М.М. раскажува дека нејзиниот татко спиел во моментот на несреќата, но нејзината мајка била будна и слушнала силен удар.

„Тато спиеше, мама не, кога слушна силен тресок и виде што се случува, го разбуди тато, тато ја прегрна до него и автобусот се преврте. Тогаш настанал хаос. Татко ми го скрши прозорското стакло, и почнаа да ги извлекуваат патниците, моите родители се добро, барем така велат, во болница се, мајка ми ја боли грбот, а татко ми има гребаници на лицето“, изјавил соговорникот.

Да потсетиме, несреќата се случи кога двокатен туристички автобус со српски регистарски таблички и 78 патници директно се судриле со автомобил со четворица патници. Тројца сопатници од автомобилот се пронајдени мртви, а четвртиот е тешко повреден.

Набргу откако автобусот се судрил со возилото, друг автомобил удрил во возилото.