Македонија и Хрватска денеска го играат четвртиот меѓусебен меч на големите натпреварувања. Завршницата на првото полувреме е 16: 11 за Македонија.
Хрватите не се селекција со која имаме позитивни спомени од големите натпревари. Досега секогаш сме губеле и на првенства и во квалификации со исклучок само на еден меч. На 30 октомври 1997 година Македонија го победи актуелниот олимписки шампион Хрватска, далеку посилен и со многу звучни имиња.
И денеска Хрватите се фаворити.
Лино Червар сепак успеа да сочува дел од силите во дуелот со Јапонија, Лука Циндриќ не пролеа ни капка пот.
И Раул во последните 10 минути со Бахреин ја искористи клупата, давајќи им шанса на младите, зашто јасно беше дека денешниот дуел ќе падне на плеќите на тие 7-8 играчи кои имаат најголема минутажа. За Кире Лазаров беше планирано да биде главната закана. Силата на Македонија да биде во непредвидливоста, во искористување на талентот на Кузмановски, на Талески, па и на Чурлевски кога Хрватите најмалку очекуваат.
Тешко е да се изненади Лино Червар, кој Македонија ја знае длабоко во нејзините пори, но кога е тактиката во прашање на Раул му нема рамен. Овој натпревар на Македонија е од големо значење бидејќи може да донесе многу, а може да ја загубиме само првата шанса за пласман меѓу првите три, ова беа дел од предвидувањата уште на почетокот на натпреварот.
Со каков епилог можат да се пофалат двете репрезентации во минатото, правиме една ретроспектива. На трите досегашни дуели Хрватите победувале, а Македонија беше најблизу до позитивен резултат на Светското првенство во 2015 година.
Првиот дуел Македонија и Хрватска на едно големо натпреварување го имаа во 1998 година, а тогаш Хрватска победи со 28:21. Тоа беше Европското првенство во Италија, кога Македонија дебитираше на големите натпреварувања.
Потоа следниот пат се пресметаа на Мундијалот пред четири години, па уште еднаш играа и на Европското првенство во 2016 година.
ДОСЕГАШНИ ПРЕСМЕТКИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА НА ЕП И СП
01.06.1998 (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА 21:28
21.01.2015 (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА 26:29
21.01.2016 (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА 24:34
За Хрватите инаку за најдобар голман на Светското првенство е нашиот Борко!
Медиумите во Хрватска добро знаат со кого си имаат работа, па така според хрвтски „Индекс“ Борко Ристовски е најдобриот голман на Светското првенство.
Кога сме кај трибините, веќе е повеќе од јасно дека црвено жолтите се најгласни, веќе нема сомнежи, македонската публика е број еден во МИнхен, а воедно и најубавото нешто на трибините во Олимпиахале.
Со сета почит кон сите, сепак наш(инк)ите ги освојуваат симпатиите во баварската престолнина.