|
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервалот од 11 до 21 степени, а максималната од 29 до 36 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, претпладне сончево, а попладне ќе има зголемување на облачноста и услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе биде 19 степени, а дневната ќе достигне 35 степени Целзиусови.
До крајот на неделата ќе следува период на стабилно и топло време.