Дмитрис Мелиопулос, е грчки фудбалер, наводно поседува голем талент, кој се реши да ја заврши кариерата на 19 години, иако за неговите услуги беа заинтересирани многу европски клубови.
Мелиопулос ги мина сите младински категории во Ксанти, и кога наполни 17 години, го споредуваа со сите големи фудбалери. Му предвидуваа голема кариера, се редеа интереси од екипи како Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Бенфика, Удинезе, а Олимпијакос и АЕК исто така сакаа да го доведат во своите редови.
Меѓутоа овој грчки играч се реши да не брза со голем клуб, и затоа потпиша за ПАОК. Солунскиот тим му плати 800.000 евра отштета на Ксанти. Тогашниот тренер Разван Луческу силно го посакувал Мелиопулос во своите редови.
Романецот во екот на подготовките доби понуда од Саудиска Арабија која финансиски беше одлична и не сакаше да ја одбие. Се заблагодари на ПАОК, и си замина, и од тогаш почнува кошмарот на Мелиопулос. Откако на клупата дојде Абел Фереира, тој не беше земен на подготовки, па дури од новиот тренер имаше препорака да замине на позајмица.
Тоа многу го погодило, па се решил да се откаже од фудбалот и да се посвети на студиите. Неодамна му беше предложено да почне да тренира со ПАОК У-19 за да влезе во форма, но тој одби. Фрустриран од овие неправди, истакнал дека нема повеќе да игра професионален фудбал.
Така после два месеци од потписот со ПАОК, тој е решен да се откаже од фудбалот.