Овие намирници ќе ве заштитат од грип

ИЗВОРnovlist.mk
|

Сезоната на грипот е веќе присутна и луѓето се повеќе стравуваат дека можат да се разболат. Движењето, излегувањето на прошетки и активниот живот се важен дел од борбата против грипот, но покрај тоа ние ви претставуваме неколку намирници кои ако ги консумирате редовно, ќе ви помогнат да го “скокнете” грипот оваа сезона.

Лук
Нема што многу да се каже за лукот, тој е дефинитивно број еден избор против грипот. Лукот е природен антибиотик и штити од многу заболувања. Се препорачува да го консумирате свеж.

Боровинки
Боровинката е број еден извор на антиоксиданти и е дефинитивно над сите други овошја. Редовната консумација на боровинки со сигурност ви дава силна заштита против грипот. Доколку не можете да ја најдете свежа, консумирајте ја замрзната.

Сончоглед
Можеби не го очекувавте сончогледот овде, но да, тој е одличен извор на витамин Е и ги штити клетките од оштетување. Неопходен е за организмот, така што неговото редовно консумирање штити од грип.

Печурки
Печурките го поттикнуваат имунитетот, богати се со многу важни состојки и имаат антивоспалителен ефект, со односно имаат се што ни треба за борба против грипот.

Феферони
Го олеснуваат дишењето, богати се со витамин Ц и имаат антибактериска моќ. Ова е сосем доволно за фефероните да ги ставиме во групата на намирници за борба против грипот.