Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

|

До срцев удар доаѓа поради прекин на протокот на крв во срцето и често се гледа како итен случај што се случува ненадејно.

Сепак, неодамнешното истражување покажа дека во повеќе од 50 проценти од случаите, луѓето можат да ги почувствуваат предупредувачките знаци дури и неколку месеци пред да доживеат срцев удар.

Како што предупредуваат лекарите, познавањето на овие симптоми може да ни помогне да побараме лекарска помош навремено.

Еден од најраните симптоми што може да укажуваат на срцев удар е хроничен замор кој се јавува без очигледна причина.

Имено, ова чувство првенствено вклучува прекумерна исцрпеност и недостаток на физичка или психолошка мотивација.

Според резултатите од истражувањето, заморот е најистакнатиот ран предупредувачки знак за срцев удар, а дури 71 отсто од пациентите кои преживеале срцев удар го почувствувале овој симптом неколку месеци порано.

Покрај замор, пациентите доживеале стегање во градите и отежнато дишење при малку поголем напор пред срцевиот удар.