Барса е пред експлозија, Ракитиќ го води бунтот

|

Никогаш последните три децении ситуацијата во соблекувалната на Барселона не била таква каква што е во моментов, два дена откако заврши летниот преоден рок.

Тешките преговори со ПСЖ за Нејмар оставија трага, каталонскиот клуб се обиде во трансферот да вклучи дури седуммина фудбалери и сега тие се лути за тоа. Пред сите Иван Ракитиќ кој сезонава уште не е во плановите на Ернесто Валверде бидејќи требаше да биде еден од оние кои ќе заминат во ПСЖ.

„Во соблекувалната на Барселона атмосферата е очајна, клучните играчи се чувствуваат измамени од претседателот Бартомеу бидејќи се чувствуваат измамени поради тоа што не го врати Нејмар. Оние другите се чувствуваат потрошени, отфрлени и не им е убаво што клубот ги деградираше, а со тоа падна и нивната вредност. Најнервозен е Ракитиќ кој не може да разбере како за неколку недели од незаменлив стана отфрлен и непотребен“, пишува Марка.