“Безвременски мелодии” концерт на Трио Анимато

|

На 15 јуни во четврток од 19 часот во Националната галерија Даут Пашин Амам ќе се одржи концерт на Трио Анимато под наслов “Безвременски мелодии”.

На репертоарот ќе бидат изведени дела од Григ, Форе, Шостакович, Шуберт,Брамс како и премиерна изведба на композиција од Бете Илин напишана за овој вид состав на камерна музика. Проектот е поддржан од министерството за култура.