ЈУ Универзална сала – Скопје и градот Скопје објавуваат ЈАВЕН ПОВИК за избор на предлог концепти во рамки на Фестивалот на Светлината “SKOPJE LIGHT FESTIVAL 2022”

|

Фестивалот на светлината – SKOPJE LIGHT FESTIVAL e културно-општествен настан на кој уметниците преку најразлични светлосни инсталации и видео проекции поставени на различни локации низ централното подрачје на градот од 2 до 3 септември со своите светлосни перформанси им се промовираат на посетителите. 5 Фестивал на Светлината во Скопје ќе биде прв фестивал на кој учество ќе земат исклучиво домашни артисти а ќе биде проширен со ревијални учесници.

Светлината е форма на енергија која патува и е во интеракција со материјата. Кога светлосните зраци достигнуваат тело кое не можат да го поминат, тие се рефлектираат. Оваа промена се нарекува рефлексија. Оптички феномен кој ја пренасочува светлината низ различни патеки.

Темата на овогодинешниот SKOPJE LIGHT FESTIVAL е токму рефлексијата која не поттикнува да ја истражиме светлината, да ја почувствуваме и да уживаме во нејзиниот пат.

Ги покануваме сите заинтересирани уметници кои креираат во сферата на светлосната уметност, светлосни инсталации, видео арт или го користат светлото како главен метод на визуелно и уметничко изразување да се пријават на конкурсот.

За подетални информации за Јавниот повик : http://univerzalna.com.mk/lightfestival, lightfestival@univerzalna.com.mk или на телефонскиот број 02 32 45 615.

Крајниот рок на аплицирање е 14.07.2022